
Истанбул
Прв ден – Четврток (17.04)
Средба на групата на паркингот пре спортска сала Боро Чурлевски во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење преку Грција, попатни паузи и царински формалности.


Втор ден – Петок (18.04)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот и во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија ,Аја Софија и Сината џамија.После разгледите слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и враќање во хотелот. Сместување во собите. Во вечерните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.
Трет ден – Сабота (19.04)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. Незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме населбата Кадикој на азиската страна . Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. На враќање одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Враќање во хотел . Факултативно турска вечер на брод . Ноќевање


Четврт ден – Недела (20.04)
По појадокот, се поаѓа за едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пиер Лоти каде се искачуваме со жичара а слегуваме пешки. По разгледот можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. По посетите враќање во хотелот и слободно време за шопинг и индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање
Петти ден – Понеделник (21.04)
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и поаѓање за поз натиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Битола во утринските часови во понеделник.

Во цената е вклучено:
-
Превоз на наведената релација со туристички автобус
-
3 ноќевања со појадок во хотел
-
Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија
-
Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
-
Туристички пратител за време на престојот
-
Организација на аранжманот
Цена на аранжманот: 129 евра
Во цената не е вклучено:
Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден
Факултативните излети:
-
Крстарење по Босфорот – 20 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој – 20 евра
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој – 20 евра
-
Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија – 10 евра
-
Турска вечер на брод на Босфорот со вечера – 45 евра
ПАКЕТ SILVER - 55 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
-
Посета на населбата Кадикој во Азија
-
Крстарење по Босфорот
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
ПАКЕТ PREMIUM - 65 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
-
Посета на населбата Кадикој во Азија
-
Крстарење по Босфорот
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
-
Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија