top of page
halkidiki.jpg

Куќа "Christina"
Неа Флогита

20 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и

целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.

 

Куќа “Christina” се наоѓа на супер местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до Filetakia Gyro на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот на почетокот на шеталиштето. Во куќата располагаме со еден многу простран дуплекс апартман. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг пред вилата.

 

Дуплекс апартман број 1 (1/4 + 1) – се наоѓа на прв кат. Има пространа голема тераса со страничен убав поглед море. Има одделена посебна голема целосно опремена кујна, сопствен тоалет и малку постар, но сосема пристоен мебел, има 2 одвоени спални соби, во кои има по 2 стандардни кревета со можност да се додаде дополнително легло за дете до 12 год. или креветче за бебе.

Вонсезонски Цени

Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

Сезонски Цени

Цена за наем на дуплекс апартман

Вонсезонски Цени

Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.

  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ .

  • Во вонсезонските цени во студио/апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)

  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170мкд. (35евра)

  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени  капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

  • Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.

  • Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената.

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).

  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.

  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.

  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Конзул Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Конзул травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

bottom of page