Куќа "Evangelia"
Јерисос
BLACK FRIDAY 30 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн...
Куќа “Evangelia“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 5 наши апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.
Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, 2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со кујна, која ги има сите потребни елементи. Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со опремена кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна, има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.
Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 6 (1/3+1)– прв кат, простран апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба, 1 стандарден + 1 кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со постар мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.
Слики кои го опишуваат внатрешниот изглед:
Вонсезонски Цени
Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2, 3, 5 и 6
Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4
Сезонски Цени
Цена за наем на апартман
Вонсезонски Цени
Задолжително плаќаат 2 лица во апартман бр. 2, 3, 5 и 6
Задолжително плаќаат 3 лица во апартман бр. 4
Напомени и услови:
-
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
-
ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ .
-
Во вонсезонските цени во студио/апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
-
За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
-
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170мкд. (35евра)
-
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
-
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
-
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
-
Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
-
Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената.
-
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
-
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
-
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
-
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
-
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
-
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Конзул Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
-
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Конзул травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.