Куќа "La Plage"
Неа Флогита
17 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и
целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.
Куќа „LaPlage“ е лоцирана во новиот дел на Неа Флогита, прва линија море, на сама плажа. Располагаме со високо квалитетни 3 четирикреветни студија, 2 четирикреветни апартмани и 2 дуплекс апартмани (сите со директен, отворен поглед на море). Сите соби располагаат со пространи огромни тераси, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Пред вилата има кафе бар со лежалки во кој нашите патници имаат поволности. Вилата располага со 2 дополнителни помошни кревети, како и 2 креветчиња за бебе (се добиваат бесплатно по принцип на прва резервација).
Студио бр. 1 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.
Дуплекс бр. 2 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, 2 одвоени спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во прва спална соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.
Студио бр. 3 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и аголна гарнитура на пуштање.
Апартман бр.4 – прв кат. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен фронтален поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица а во дневна соба софа на пуштање.
Студио бр. 5 – втор кат. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.
Апартман бр. 6 – втор кат. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица и софа на пуштање а во дневна соба софа на пуштање.
Дуплекс бр. 7 – втор кат. Огромен дуплекс апартман кој располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во дневна соба има аголна гарнитура на пуштање, во една соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.
Слики кои го опишуваат внатрешниот изглед:
Вонсезонски Цени
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Сезонски Цени
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио / апартман за 7 ноќевања без превоз
Вонсезонски Цени
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Напомени и услови:
-
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
-
ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ .
-
Во вонсезонските цени во студио/апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
-
За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
-
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170мкд. (35евра)
-
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
-
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
-
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
-
Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
-
Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената.
-
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
-
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
-
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
-
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
-
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
-
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Конзул Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
-
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Конзул травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.