Куќа "Makis"
Неа Флогита
22 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и
целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.
Куќа “Макис” е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца. Располагаме со 3 четирикреветни квалитетни мезонети на високо приземје кои имаат делумен поглед море. Секој мезонет располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ и сопствени тоалети. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Мезонетите имаат сопствени тераси и одличен нов мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.
1/4 мезонет бр. 1 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр. 2 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр. 3 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
Вонсезонски Цени
Цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)
Сезонски Цени
Цените во табелата се однесуваат за наем на мезонет за 7 ноќевања без превоз
Вонсезонски Цени
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (задолжително плаќаат 2 лица)
Напомени и услови:
-
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
-
ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ .
-
Во вонсезонските цени во студио/апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
-
За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
-
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170мкд. (35евра)
-
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
-
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
-
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
-
Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
-
Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената.
-
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
-
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
-
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
-
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
-
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
-
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Конзул Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
-
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Конзул травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.