Куќа "Soula"
Јерисос
BLACK FRIDAY 30 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн...
Куќа “Soula” се наоѓа на одлична место положба, на само50 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен уреден двор и паркинг веднаш пред вилата. Апартманите се реновирани и располагаат со големи фрижидери и големи електрични шпорети со рерна, а студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со решо и сите потребни елементи,. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш. Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат.
Апартман број 1 (1/4+2) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е голема и комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор.Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса и истата еопремена со маса и столови.
Апартман број 2 (1/4+1) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор.Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса во дворот, која е опремена со маса и столици.
Студио број 3 (1/2) – прв кат. Потесно студио кое располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 4 (1/2) – прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со погледкон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 5 (1/2) – прв кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет (поставени во должина еден по друг) и мала опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 6 (1/2) – високо приземје. Студиото е одвоено со сопствен влез и располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено заградено дворче кое располага со маса и столови.
Слики кои го опишуваат внатрешниот изглед:
Вонсезонски Цени
Цена по лице со вклучен превоз
Сезонски Цени
Цена за наем на апартман или студио
Вонсезонски Цени
Цена по лице со вклучен превоз
Напомени и услови:
-
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
-
ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ .
-
Во вонсезонските цени во студио/апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
-
За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
-
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170мкд. (35евра)
-
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
-
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
-
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
-
Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
-
Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената.
-
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
-
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
-
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
-
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
-
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
-
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
-
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Конзул Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
-
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Конзул травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.