top of page
logo-banner.jpg
saraevo-min.jpg

Сараево

17.04.2025

Собир на групата во 17.45 часот на паркингот пред спортска сала. Поаѓање за Сараево во 18:00 часот. Попатно собирање на патници од Прилеп, Велес, Скопје и Куманово. Граничен премин Табановце. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.

Image by ADEV
Image by Miguel Alcântara

18.04.2025

По утринските часови пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Исто така ќе го посетиме и Андричград – градчето е изградено по концепт на Емир Костурица од камен и тесни улички низ кои се наоѓаат педесетина објекти кое културен центар кој се наоѓа во Вишеград на самото устие на реките Дрина и Рзав. Официјално бил отворен во 2012 година.

Во договорено време се поаѓа за Сараево. По пристигнувањето се оди во хотелот. Доколку се спремни собите се сместуваме и има кратка пауза, во спротивно се продолжува веднаш со локалниот водич се прави прошетка низ центарот на градот, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, плоштадот Маршал Тито Катедралата на светото срце Исусово, црквата Рожденство на Пресвета Богородица итн….

 

По разгледот следува слободно време. Ноќевање.

19.04.2025

Појадок. По појадокот целодневна факултативна екскурзија во Мостар Попатна посета на Јабланица и Мостот на Неретва каде се водела Битката за ранетите. Продолжуваме до едно од најубавите места во Босна и Херцеговина oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНЕ, изворот на реката Буна. Овде се испреплетуваат историјата, архитектурата и природата. Ова место е уникатен природен и архитектонски музеј. Изворите го хранат коритото со чиста и студена вода, а објектите кои се надраснуваат над водата се изградени уште од 15-ти век, што на ова место му дава културно значење. По разгледот одиме за  МОСТАР. Мостар е познат како најтоплиот град во поранешна  Југославија Изграден на двата брега на реката Неретва. Прошетки и разгледи низ стариот дел на градот, чаршијата, “Стариот мост” . Слободно време за ручек во некој од многубројните ресторани изградени во етно стил. Во договорено време се враќаме назад во Сараево.  Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи низ центарот на Сараево. Ноќевање.

Image by Mujo Hasanovic
Image by Nikola Majksner

20.04.2025

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативна посета на  Босанските пирамиди. Во 2005 година Др. Семир Османагиќ доаѓа до сензационално откритие дека околните ридови кај градот Високо се со правилни форми на пирамида. Ридот Височица го нарекол босанска „Пирамида на сонцето“ (со висина од 220 метри, тој е поголем од Кеопсовата пирамида), а ридот Плешевица станал „Месечината пирамида“ (190 метри). Долината на пирамидите ги вклучува и 90-метарската „Змејска пирамида“ (Бучи), висините на „Храмот на Мајката Земја“ (Крстач) и „Пирамидата на љубовта“ (Чемерак). По посетата се упатуваме кон ВРЕЛО БОСНЕ, едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево покрај Илиџа во подножјето на планината Игман на површина од 603 хектари. Врело Босне е јавен парк и заштитен споменик на природата. Следува слободно време за кафенце покрај изворите на реката Босна. Патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Во цената е вклучено:

  • Сместување во хотел 3* во Сараево / 2 ноќевања со појадок

  • Превоз на дадената релација (Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје, Куманово)

  • Tуристички придружник за време на целото патување

  • Разглед на Сараево со локален водич

  • Посета на Вишеград

  • Посета на Андриќград

Промо Цена – 119 

Редовна Цена – 129 eur

Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување

  • Туристичка такса 1 евро по ден по лице која се плаќа задолжително во автобус

ФАКУЛТАТИВА – 55 eur пакет

Босански пакет  (Посета на Врело Буне, Јабланица, Мостар) Заштеда – 10 eur

 

Факултатива БОСАНСКИ ПИРАМИДИ,

ВРЕЛО БОСНЕ  – 35 eur

Крстарење по Дрина во Вишеград – 10 eur

bottom of page