Студија "Зинова" Пефкохори
На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.
Zinova Studios – Се наоѓаат во центарот на Пефкохори, на само 100 м од плажа, веднаш до познатиот маркет “ Próodos (Πρόοδος) “ и спроти кружниот тек кај пица “Roma”. Zinova Studios, реновирани во 2022 располага со 1/2+1 и 1/3 студиа, сите на прв спрат.
20% попуст за резервација со целосна уплата до 02.12.2024
15% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 31.01.2025)
10% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 15.03.2025)
5% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 31.04.2025)
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
При резервации се уплаќа аванс од 50% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, a најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
Во цената е вклучено:
-
7 Ноќевања,
-
Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината)
-
Клима
Во цената не е вклучено:
-
Превоз,
-
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
-
Патничко осигурување,
-
Паркинг,
-
Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во агенцијата)
Превоз
Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од:
Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики:
Скопје – Дрводекор
04;00 - 50 €
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)
04:30 - 50 €
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес
03;40 - 60 €
Неготино – (БП Неготино)
05;00 - 50 €
Граничен премин – (БП Шимов)
06;00 - 50 €
Цена по лице за превоз Битола- Халкидики:
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон
04;00 - 45 €
Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола
03;15 - 45 €
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола
02;15 - 55 €
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола
02;30 - 55 €
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола
03;15 - 55 €
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
Час и место на поаѓање од Грција
Калитеа - 14:00
Полихроно - 13:45
Ханиоти - 13:30
Пефкохори - 13:15