top of page
vrachos-loutsa-7.jpg

Вила "Дина" Амудиа

Амудиа е мало рибарско место во општина Фанари, областа Епир во Грција. Се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бел песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Ахерон. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор.

 

Вила Дина се наоѓа на 90 метри од плажа, на 4 мин пешачење. Лоцирана  е на почетокот на Амудиа, во мирно опкружување.Вилата се состои од студија за три лица и двоспaлни апартмани, опремени со сопствена кујна (опремена со прибор за готвење и јадење) тоалет, ТВ, клима со доплата од 6 еур (на лице место) за студиа и 7еур ( на лице место) за апартман. Студијата и апартманите се наоѓаат на приземје, од самата соба се излегува на сопствена тераса.

12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.12.2024. И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.01.2025

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2025

7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.05.2025

Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

Туристичка такса се наплаќа на лице место по соба на ден по 2еур.

 

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Врахос чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Врахос:

  • Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице 

  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице

  • Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -70€ по лице

  • Дреново – 65€ по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Врахос:

  • Битола (спортска сала)-60€ по лице

  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€

  • Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице

  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице

 

Време на поаѓање за Врахос:

  • 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола

  • 01:45 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) трансфер до Битола

  • 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола

  • 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола

  • 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)

  • 04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на Перон)

  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ​

  • За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)

  • Попустите не може да се комбинираат,

  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)

  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

bottom of page