top of page
saranda-hero.jpg

Вила "Gramozi" Саранда

Вила Грамози – А кат  се наоѓа во самиот центар на Саранда. Синагогата во Саранда и замокот Lëkurësit се локални знаменитости, а некои од активностите во областа може да се доживеат во пристаништето Саранда и терминалот за фериботи Саранда. Вилата располага со 9 апартмани со  различна големина и поставеност, комплено опремени со  сите погодности за туристите. Повеќето апартмани се опремени со сопствена кујна, тоалет, ТВ, клима уред (вклучен во цена) како и опремени тераси.

 

Вилата располага и со мал двор како и одреден број на паркинг места (без можност за резервација). Најголемата погодност на ова сместување е, покрај  вкусно уредениот ентериер, местоположбата на објектот, кој е на само 100 м од градската плажа, градското шеталиште, продавници, ресторани и останати погодности. Вилата е прав избор за оние кој сакаат одмор со содржина во центар на туристичко место.

Цените се дадени за наем на соба/студио за 7 ноќи во Еур за уплата во МКД по курс 62 ден/Еур.

Студијата се опремени со комплетна кујна, фрижидер, клима (вклучена во цена) и тераси, а собите се без кујна. Вилата се наоѓа на 100м од градска плажа каде не се плаќа за лежалки. На располагање има и двор со неколку места за паркирање (инфо во агенција). Шеталиштето, супер маркети, ресторани и пицерија има во непосредна близина на објектот,

 

Автобуски превоз преку Грција со доплата: Скопје, Велес, Охрид, Струга, Ресен 65 Еур. Штип 80 Еур.

Битола и Прилеп 55 Еур/лице. Деца 2-12 години -10 Еур од цената за возрасен.

 

За организиран превоз преку Ќафасан (со лични карти и стари пасоши) информација во агенција.

 

За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.

Туристичката такса се плаќа на рецепција.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Саранда и Ксамил преку Грција:

  • Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 65 € по лице

  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 80€ по лице

  • Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 65 € по лице

  • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Саранда и Ксамил преку Грција:

  • Битола (Транскоп  на перон ) – 55€ по лице

  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола – 55€

  • Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€ по лице

  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -65€ по лице

  • Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -65€ по лице

  • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за САРАНДА-КСАМИЛ (СЕ ПАТУВА ПРЕКУ ГРЦИЈА)

  • 00:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер

  • 00:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер

  • 00:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер

  • 01:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер

  • 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер

  • 03:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)

  • 02.00h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер

  • 01:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер

  • 01.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер

  • 01:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер

Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

Време на поаѓање за САРАНДА-КСАМИЛ  ПРЕКУ СТРУГА – граничен премин Ќафасан

  • Скопје (Дрводекор) – 60€ 22:00

  • Велес (кружен тек кај Коструницата – трансфер до Скопје) – 70€ 20:30

  • Куманово (Бензинска пумпа Макпетрол – Трансфер до Скопје) – 70€ 21:00

  • Тетово (попатно) – 60€ 22:30

  • Гостивар (попатно – Бунар Петрол) – 60€ 23:00

  • Кичево (попатно – бензинска пумпа Power Petrol) – 60€ 00:00

  • Охрид (поаѓање од Подмоље – Бесјани Петрол) – 60€ 00:50

  • Струга (кружен тек – кај Нептун) – 60€ 01:20

Во Саранда застануваме кај хотел Butrinti па организираме трансфери до објектите.

bottom of page