top of page
halkidiki_edited.png

Вила "Mary-S" Полихроно

На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.

Вилата “MARY-S”  на 50м.  од самото шеталиште а на 70м. од градската плажа  во ценралниоит дел на Полихроно.  Се состои од 4 студиа за 2-4 лица сместени на втор кат.


Сите студиата се опремени со кујна комплет опремена (со содветен прибор за бројот на гости), мал фрижидер, мини шпорет, купатело, ТВ, Wi-fi , клима, тераси со тенди (страничен поглед на море и двор).

ПОПУСТИ:

20% попуст за резервација со целосна уплата до 02.12.2024

15% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 31.01.2025)
10% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 15.03.2025)
5% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 31.04.2025)

Студио 3 – 1/2+1 - голем француски лежај погоден за сместување на 2 возрасни особи и 1 дете до 12 години, мал фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, тераса со поглед на двор.

Студио 4 – 1/3+1 - дупли со единечен+1 единечен, со голем фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗрерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, тераса со страничен поглед на море, Wi-Fi интернет, купатило клима.

Студио 5 – 1/2 +1 - брачен кревет по грчки стандард и 1 единечен кревет,  фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, тераса со страничен поглед на море.

 

Студио 6 – 1/3 - француски лежај во кујна и 1 единечен во другата соба, мал фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, тераса со страничен поглед на море,

Студио 7 – 1/2 - француски лежај, мал фрижидер, опремена кујна, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, тераса со поглед на двор.

Check in:   14:00h.
Check out: 09:00h.

Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

При резервации се уплаќа аванс од 50% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, a најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,

  • Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината),

  • Клима

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,

  • Патничко осигурување,

  • Паркинг,

  • Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во агенцијата)

Превоз

Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од:

 

Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики:

Скопје – Дрводекор

04;00 - 50 €

Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)

04:30 - 50 €

Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес

03;40 - 60 €

Неготино – (БП Неготино)

05;00 - 50 €

Граничен премин – (БП Шимов)

06;00 - 50 €

Цена по лице за превоз Битола- Халкидики:

Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон

04;00 - 45 €

Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола

03;15 - 45 €

Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола

02;15 - 55 €

Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола

02;30 - 55 €

Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола

03;15 - 55 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

Калитеа - 14:00

Полихроно - 13:45

Ханиоти - 13:30

Пефкохори - 13:15

bottom of page