Вила "Зевс"
Ипсос, Крф
Вилата Зевс се наоѓа на 400метри од плажата во Ипсос, во мирниот дел на туристичкото место Пирги. Вилата Зевс е голем комплекс од два објекта кои се опкружени со природа, цвеќиња и зеленило, а во неговиот двор се наоѓа прекрасен базен и лежалки за гостите. Студијата располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, телевизор, ви-фи интернет. Студијата располагаат и со клима уред кој може да се користи со доплата од 8 евра од ден во самата вила.
Собите се наоѓаат на приземје и прв спрат, секое со сопствена тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.
НАПОМЕНИ:
-
Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
-
Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
-
Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 1.5 евро по соба на ден. Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
-
Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
-
Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
-
За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
-
Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
-
Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
-
За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
-
За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите
-
Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
-
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
-
Цена само за превоз 85 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
-
Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
-
Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
-
Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
-
Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
-
Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
-
Check in во собите е после 14h по грчко време
-
Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
-
Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
-
Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата
-
Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
-
Според законските одредби, базенот се користи од 10-20 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
-
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
-
Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот